Muhammet Nazım Taşcı
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА
Во подрачјето Џаму и Кашмир во Индија додје до судир меѓу претставниците на безбедносните сили и бунтовниците. Во судирот животот го загубиле 3 припадници на индиските парамилициски сили, а еден војник е ранет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите што се објавени во индиските медиуми се наведува дека во подрачјата Купвара и Будгам дошло до судир меѓу бунтовните и безбедносните сили на Индија.
Во судирот во Купвара загинале 3 преставници на индиските парамилициските сили, додека во местото Будгам ранет е еден полицаец.
Судир меѓу индиските безбедносни сили и бунтовниците во подрачјето Купњара имаше и вчера. Во судирот животот го загубија 5 припадници на индиските безбедносни сили, меѓу кои еден полковник и еден мајор и 2 бунтовници.
Последните недели во подем се тензиите во овие подрачја
Додека во поголемиот дел од светот живот речиси е запрен поради пандемијата на нивиот тип на коронавирусот (Ковид-19), во Џаму и Кашмир судирите продолжуваат.
- Индија го укина посебниот статус на Џаму и Кашмир
Територијата на Џаму и Кашмир по повеќе од половина век ја загуби автономијата и поделена е на два дела, откако Индија на 5 август го отповика членот 370.
Целата територија на 31 октомври официјално е поделена на две подрачја, на Џаму и Кашмир и на Ладак, врзани за централната индиска власт.
По оваа одлука индиските безбедносни сили ги интензивираа операциите за јавен ред во Џаму и Кашмир, зголемувајќи го притисокот врз народот, воведувајќи полициски час и забрани за интернет, телефон и транспорт.
Освен тоа, приведени се сите раководители и членови на политичките партии од целиот регион.
Од добивањето независност од Британија од 1947 година досега, Џаму и Кашмир имаше привилегиран статус со кој можеше да донесува сопствени закони.