Enes Canlı
05 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Либиската Армија во операцијата што ја спроведе за враќање на стратешката база „Ватија“ од милицијата на Хафтар, го уби таканаречениот командант Усаме Емсик, кој ја бранеше базата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води Владата на национално единство, се истакнува дека единиците на Армијата во операцијата за враќање на стратешката база „Ватија“ од милицијата на Хафтар, уништиле 10 вооружени возила, додека едно возило заплениле.
Во изјавата се наведува дека е убиен Осама Емсик, таканаречениот командант на милициите на Хафтар, кој имал задача да ја одбрани воената база „Ватија“.
Либиската Армија во утринските часови започна операција за враќање на стратешката база „Ватија“ од милициите на Хафтар, водачот на илегалните сили на истокот на земјата.