Islam Doğru
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 1.338 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 69.974, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД, земја со најголем број на лица кои биле позитивни на тестот за Ковид-19, сѐ уште се наоѓа на врвот на листата на земји погодени со пандемијата.
Податоците на страницата „Worldometer“, на која се достапни последните податоци во врска со епидемиолошката ситуација во светот предизвикана од Ковид-19, покажуваат дека во САД е потврдено заразување кај уште 24.109 лица, со што вкупниот број на заразени достигнал 1.214.023.
По САД следуваат Шпанија со 250.561 случај на заразување, Италија со 211.938 и Велика Британија со 190.584 случаи.
Во САД од почетокот на пандемијата се тестирани околу 7.485.000 примероци, а излекувани се повеќе од 188.000 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Жариштето на пандемијата во САД е Њујорк каде се заразени 327.374 лица, додека од последиците на Ковид-19 починале 24.944 лица.
Следуваат Њу Џерси со 129.345 случаи на заразување и Масачусетс со 69.087 заразени.