Fuat Kabakcı
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
ПЕКИНГ/ТЕХЕРАН/БАКУ/ИНАРУВА/ПАТАНИ (АА) - Муслиманите низ светот го одбележуваат еден од најголемите муслимански празници, Курбан бајрам, јавува Anadolu Agency (AA).
Муслиманите во Кина, Иран, Азербејџан, Непал и Тајланд утринава го дочекаа овој празник и во џамиите ја извршија молитвата Бајрам намаз.
Утринава џамиите беа полни и во Кина. Ниуџјие, најголемата и најстара џамија во Пекинг, на Бајрам намаз беше исполнета со муслиманите од тој град. Според официјалните податоци, во Кина живеат повеќе од 20 милиони муслимани.
И во Мусала и Имам Хумејна, најголемата џамија во Техеран, муслиманите утринава ја извршија молитвата Бајрам намаз.
Имамот Ахмед Хатеми во хутба укажа на важноста на курбанот и заедништвото на муслиманите.
Верниците утринава ги наполнија и џамиите во Баку. Поради недостаток од место, голем број верници ја извршија молитвата Бајрам намаз во харемот.
Курбан бајрам е одбележан и во Непал и Тајланд. Џамиите во Непал беа полни со муслимани, кои сочинуваат пет отсто од населението на оваа јужноазиска земја.
И џамиите во Тајланд беа исполнети со илјадници верници.