Mohammed Tahiri,Afra Aksoy
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
РАБАТ (АА) - По повод Курбан бајрам, мароканскиот крал Мухамед VI помилува речиси 900 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за правда на оваа земја е соопштено дека кралот, по повод муслиманскиот празник, наредил помилување на 889 затвореници.
Мухамед Агнач, адвокат на активистите на движењето „Риф“, за АА изјави дека меѓу помилуваните зтавореници се наоѓаат и 11 членови на ова движење.
Неколку лица беа уапсени за време на протестите организирани во јули на подрачјето на Риф. Граѓаните на овој начин искажаа незадоволство поради неисполнувањето на ветените проекти.
И минатата недела мароканскиот крал помилува 450 затвореници.
Кралот Мухамед VI е крунисан за крал на Мароко на 30 јули 1999 година по смртта на неговиот татко, кралот Хасан II.