Servet Günerigök
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција го осудија режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад поради употребата на хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Владите на трите земји објавија заедничка изјава по повод петтата годишнина од масакрот кој режимските сили на Асад го сторија во регионот на Дамаск, Гута.
Во текстот се наведува дека режимските сили на Асад користеле забрането хемиско оружје и во нападите во Хан Шеихун, Латаменах, Саракиб и Дума.
„Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН ја делиме посветеноста во превенцијата на употребата на хемиско оружје и за секој таков случај одговорен го сметаме сирискиот режим“, се наведува во соопштението.
Трите земји, исто така, порачаа дека адекватно ќе одговорат на секоја нова употреба на хемиско оружје во Сирија и дека го поддржуваат ставот на Организацијата за забрана на употреба на хемиско оружје (OPCW) за нужно откривање на одговорните за таквите инциденти во Сирија.
„Одлучни сме во намерата да обезбедиме правда за жртвите“, порачаа властите на САД, Велика Британија и Франција.