Furkan Naci Top
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
АТИНА (АА) - Во Пиреј, во близина на грчкиот главен град Атина, се случи силна експлозија во зграда, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, наведуваат дека е причинета голема материјална штета.
Потврдија дека експлозивната направа е фрлена од автомобил во движење. Експлозијата се случила во раните утрински часови. Во зградата каде што се случил овој случај, се наоѓаат неколку адвокатски канцеларии и фирми. Нема човечки жртви, ниту повредени лица.
Полицијата е на местото на настанот и извршува увид.