свет, живот

Куранот преведен на холандски јазик дистрибуиран во 15 градови низ Холандија за објаснување на исламот

„Многу добар чекор е да се инспирираат луѓето, да се сподели исламот со другите и да се објасни исламот на оние на кои им е потребено тоа, и на оние кои се оддалечиле од религијата“

Zeynep Çetin  | 28.04.2024 - Обновена : 03.05.2024
Куранот преведен на холандски јазик дистрибуиран во 15 градови низ Холандија за објаснување на исламот Фото: Abdullah Aşıran/АА

РОТЕРДАМ (АА) – Превод на Куранот на холандски јазик беше поделен во градовите низ Холандија на Денот на кралот со цел објаснување на исламот, јавува Анадолу.

Одговорните и волонтерите на одделот „Зошто исламот“ на Фондацијата Муслиманска перспектива организираа настан наречен „Повик кон исламот“ во 15 градови.

Оние кои дојдоа во центарот на градот за одбележување на Денот на кралот, добија Куран на холандски јазик. Исто така, беа поделени брошури за исламот.

Бекир Екинџи, одговорниот на одделот „Зошто исламот“, која го дистрибуира Куранот во Ротердам, за Анадолу изјави дека целта е да се објасни исламот и да се претстави Куранот преку делење на муслиманската света книга на Холанѓаните немуслимани.

„Ако тие се навистина искрени кон исламот, со ова ги повикуваме во ислам. Елхамдулилах (Сета благодарност му припаѓа на Алах), бевме инструмент за тоа најмалку пет луѓе денес да преминат во ислам“, рече Екинџи.

Истакнувајќи дека во Холандија во последните години има голем интерес за исламот, Екинџи рече: „Многу се бара Куранот овде. Многумина од нив велат дека дефинитивно ќе го читаат Куранот. На овој начин помагаме многу луѓе да се запознаат со исламот или да преминат во ислам.“

„Поставивме штандови не само во Ротердам, туку и во 15 градови, особено затоа што денес е роденден на кралот. Тоа беше добра можност за нас бидејќи многу луѓе излегоа на улиците на Денот на кралот“, рече тој.

Тара Мерцера, која го доби Куранот како подарок, рече дека настанот бил многу убав.

„Многу добар чекор е да се инспирираат луѓето, да се сподели исламот со другите и да се објасни исламот на оние на кои им е потребено тоа, и на оние кои се оддалечиле од религијата“, рече таа.

Силке Хофман истакна дека никогаш не прочитала ниедна религиозна книга.

„Делењето на Светиот Куран е многу убаво нешто и дефинитивно ќе го прочитам“, рече таа.

Ати Блаубоер изјави: „Дефинитивно ќе го прочитам. Убавините што ќе ги прочитам од Куранот ќе им ги пренесам на моите внуци“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.