свет

Холандија му забрани влез на познат британско-палестински хирург

„Додека министерот за надворешни работи се ракува со еден по друг израелски функционер вмешани во тешки злосторства во Газа, холандската Влада му забранува на британско-палестинскиот лекар Ебу Сита да влезе во земјата.“

Ahmet Gençtürk  | 10.05.2024 - Обновена : 13.05.2024
Холандија му забрани влез на познат британско-палестински хирург

АТИНА (АА) - Холандија му забрани влез во земјата на познатиот британско-палестински хирург Гасан ебу Сита поради забраната за Шенген-зоната воведена од Германија, објави истакната холандска група за човекови права, јавува Анадолу.

„Додека министерот за надворешни работи Ханке Бруинс Слот се ракува со еден по друг израелски функционер вмешани во тешки злосторства во Газа, холандската Влада му забранува на британско-палестинскиот лекар Ебу Сита да влезе во земјата. Хирургот, наедно и ректор на Универзитетот во Глазгов, беше сведок на израелскиот масакр во Газа во првите месеци од израелската офанзива“, соопшти Форумот за права, кој го покани Ебу Сита да говори на настанот што се одржува на 17 мај во Амстердам.

Коментирајќи го ова прашање, директорот на Форумот, Џерард Џонкман, рече: „Шокантно и целосно неприфатливо е што на Ебу Сита сега му е забранет влез во Холандија. Очигледно нашата Влада го смета неговото сведочење како закана за блиските односи со Израел и холандското соучество во масакрот во Газа.“

„Одлуката е директно кршење на основните слободи, како што е слободата на говор“, додаде тој.

Ебу Сита, кој моментно работи како ректор на Универзитетот во Глазгов, Шкотска, допатува во регионот на 9 октомври минатата година по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, и работеше во Газа 43 дена.

Тој беше поканет на конференција во Германија, во главниот град Берлин, во април за да зборува за своите искуства во Газа, но не му беше дозволен влез во земјата.

Неодамна, на 4 мај, исто така, на Ебу Сита му е забранет влез во Франција. По пристигнувањето во Париз, каде што требаше да говори на симпозиум во Сенатот, тој беше информиран дека Германија му наметнала „административна забрана“ за Шенген-зоната за една година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.