свет

Белгиската телевизија го прекина преносот на Евровизија во знак на протест против израелските напади

ВРТ, емитувајќи на фламански јазик, го прекина второто полуфинале на Евровизија што се одржува во Малме, Шведска, во знак на протест против нападите на Израел во Газа

Necva Taştan  | 10.05.2024 - Обновена : 12.05.2024
Белгиската телевизија го прекина преносот на Евровизија во знак на протест против израелските напади

БРИСЕЛ (АА) - Белгиската телевизија ВРТ (VRT) доцна синоќа го прекина емитувањето на Изборот за песна на Евровизија во знак на осуда на израелското кршење на човековите права и слободи на медиумите и повика на прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.

ВРТ, емитувајќи на фламански јазик, го прекина второто полуфинале на Евровизија што се одржува во Малме, Шведска, во знак на протест против нападите на Израел во Газа.

„Ова е синдикална акција. Ги осудуваме кршењата на човековите права на израелската држава. Дополнително, Израел ја уништува слободата на медиумите. Затоа правиме привремена пауза од нашето емитување. Прекин на огнот, сега“, се вели во соопштението.

Двајца белгиски министри претходно истакнаа дека Израел не треба да учествува на Изборот за песна на Евровизија сѐ додека траат неговите напади врз цивилите во Газа.

Уметниците што ги претставуваат Белгија, Португалија, Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Норвешка, Данска, Литванија, Финска и Сан Марино на Изборот за песна на Евровизија повикаа на итен и одржлив прекин на огнот во Газа.

Различни сектори од многу европски земји побараа да му се забрани на Израел да учествува во финалето на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме утре, 11 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.