политика, Балкан

ДИК со првичните резултати од претседателските и парламентарните избори

Кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, освоила 561.001 глас, а актуелниот претседател и кандидат на коалицијата на СДСМ, Стево Пендаровски, 251.881 глас

Abdula Berisha  | 10.05.2024 - Обновена : 11.05.2024
ДИК со првичните резултати од претседателските и парламентарните избори

СКОПЈЕ (АА) - Државната изборна комисија (ДИК) на Северна Македонија во рамките на 102. седница ги објави првичните и официјални резултати од 100 отсто преброените гласови од претседателските и парламентарните избори, пренесува Анадолу.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, истакна дека кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, освоила 561.001 глас, а актуелниот претседател и кандидат на коалицијата на СДСМ, Стево Пендаровски, 251.881 глас.

Првата претседателка во историјата на Северна Македонија освоила 65,14 отсто од гласовите, а претседателот во заминување освоил 29,25 отсто.

Вкупниот број неважечки гласачки ливчиња изнесува 48.289, а излезеноста е 47,47 отсто.

- ВМРО-ДПМНЕ со најмногу освоени мандати -

Според првичните официјални резултати објавени вечерва од ДИК, 120 пратеници во Северна Македонија се распределени на следниов начин:

1. Коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ - 58 пратенички мандати

2. Коалиција Европски фронт - 19 пратенички мандати

3. Коалиција за европска иднина - СДСМ - 18 мандати

4. Коалиција ВЛЕН - 13 пратенички мандати

5. Левица - 6 пратенички мандати

6. Движење ЗНАМ - 6 пратенички мандат

- Во недела се очекува инаугурација на избраната претседателка -

Денес во 19:00 часот завршува рокот за приговори за претседателските и парламентарните избори. Веднаш потоа ДИК до Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од претседателските избори.

Според најавите, собранискиот спикер Јован Митрески ќе ја закаже за недела напладне собраниската седница за инаугурација на избраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова.

Рокот за приговори за парламентарните избори истекува денес во 23:30 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.