Zehra Ulucak
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ХАВАНА (АА) - Почина едно од трите повредени лица во падот на авионот „Боинг 737“ (Boeinga 737) кој се урна во петокот во Хавана, Куба, со што бројот на жртви се зголеми на 111, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кубанскиот државен медиум јави дека починала Гретел Лендроув Фонт, која била тешко повредена во падот на авионот кој леташе за Олгуин.
Падот на авионот го преживеаја Мејлен Диаз (19) и Емили Санчез (39), кои се на лекување во болница во Хавана, а нивната состојба е сериозна.
Претходно кубанскиот претседател Мигел Марио Дијаз-Канел Бермудес изјави дека е формирана специјална комисија која треба да ги утврди причините за падот на авионот.