Mustafa Deveci
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Тенк на израелската војска погоди позиција на бригадата Изедин ел Касам, вооружен огранок на Хамас во блокираната Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се тврди дека некои „осомничени“ лица што успеале да ја преминат границата на Газа, запалиле воен пункт на израелската војска.
Според соопштението, во пунктот немало израелски војници, и лицата што ја преминале границата повторно се вратиле во Газа.
Се вели дека по овој случај, тенк на израелската војска ја погодил набљудувачката точка на бригадата Касам, и дека од двете страни нема повредени.
Од друга страна, според вестите на израелските медиуми, непознати лица во близина на градот Рамала, кој се наоѓа во окупираниот Западен Брег, отвориле оган врз две возила на еврејски доселеници.
Се истакнува дека нема повредени во случајот, и дека едно возило на еврејските доселеници е оштетено.
Според овие вести, осомничените избегале од местото на настанот, додека израелската војска постави безбедносен кордон во подрачјето.