Mohamad Misto
25 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АНКАРА (АА) - Коалицијата предводена од САД повторно погоди џамија во сириската покраина Деир ез-Зор. Во нападот животот го загубија 7 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните информации од Деир ез-Зор, синоќа коалициските авиони погодија џамија во местото Хаджин.
Во нападот животот го загубиле 7 цивили што се наоѓале во џамијата.
Коалициските авиони на 18 октомври ја нападнаа џамијата во местото Суса во покраината Деир ез-Зор. Во нападот загинаа 30 цивили, од кои 2 деца.
На 19 октомври коалициските сили за време на петочната молитва ја нападнаа џамијата „Осман бин Афан“, која се наоѓа на подрачјето на кое војуваат терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ. Во нападот животот го загубија 16 цивили што се наоѓале во џамијата.
Последната недела коалициските сили изведоа три напади врз џамии во покраината Деир ез-Зор, во кои животот го загубија 53 цивили.
Локалните извори информираат дека покрај тоа, коалициските сили на 21 октомври извршиле воздушен напад и врз објект во кој се одржувал курс по веронаука на територијата на Хеџин, каде што војуваат ДЕАШ и ЈПГ/ПКК. Во нападот животот го загубија 6 цивили.
Коалицијата се брани дека во нападите за цел ја имала ДЕАШ.
Портпаролот на американското Министерство за одбрана (Пентагон), полковник Роб Менинг, на 22 октомври соопшти дека во подрачјето на Суса се гранатирани повеќе објекти поради тврдења дека тие се под контрола на ДЕАШ, додавајќи дека еден од објектите е џамија. Во соопштението не беа дадени информации за жртвите.