Ferdi Türkten
28 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турската артилерија и коалициските воздушни сили изведоа нов удар врз позициите на терористичката организација ДАЕШ на северот од Сирија во кои се уништени 35 терористички цели, јавува Anadolu Agency (AA).
Од анонимен воен извор се дознава дека радарските ситеми и извидницата на турската граница откриле активни позиции на ДАЕШ на северот од Сирија од кои терористите се подготвувале да гранатираат места во Турција.
Турската артилерија потоа со тенкови „Фиртина” и други ракетни фрлачи ги гранатирала и во целост ги уништила лоцираните позиции на ДАЕШ.
Според првичните информации, неутрализирани се најмалку 19 терористи.
Коалициските воздушни сили кои во борбата против ДАЕШ ги предводи САД, извеле девет воздушни акции врз позициите на ДАЕШ во севрниот пограничен појас на Сирија.
Турската артилерија веќе неколку недели од границата ги надгледува активностите во северниот пограничен појас со Сирија и во склад со ангажманот на пограничните сили, гранатира позиции од кои претходно повеќепати биле изведени ракетни напади врз градот Килис, во јужниот дел на Турција. Од проектилите на ДАЕШ досега загинаа две лица, а ранети беа најмалку 70 лица.
Истовремено, турските воздухопловни сили изведоа нови воздушни напади врз позициите на терористичката организација ПКК во планискиот регион Кандил, на северот од Ирак.
Во тие акции погодени се седум терористички засолништа во кои биле сместени поголем број припадници на ПКК. Сѐ уште прецизно не се утврдени загубите на терористите од овие воздушни напади.