Ekipa
25 Октомври 2018•Ажурирај: 26 Октомври 2018
ИДЛИБ (АА) - Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и сојузниците, и покрај Договорот за заштита на примирјето, продолжуваат да ја гранатираат зоната без судири во Идлиб. Во синоќешните напади загина еден цивил, а тројца се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на режимот и сојузниците синоќа повеќе од стотина пати ги гранатираа подрачјата Кефр Хамра и Рашидин, кои се наоѓаат во зоната од која припадниците на опозицијата, во согласност со Договорот од Сочи, го повлекоа тешкото вооружување.
Фронтот за национално ослободување, една од опозициските групи, се наоѓаше на нападнатото подрачје, а нејзините припадници за возврат ги нападнаа режимските единици во центарот на Алепо.
Челникот на Цивилната заштита во Алепо, Амир ал Хаџ, изјави дека во нападите кои се изведувани до доцните часови загинал цивил, а дека тројца се ранети.
И покрај Договорот од Сочи кој Турција и Русија го постигнаа на 17 септември, режимските сили повремено гранатираат рурални подрачја на периферијата на Латакија, во јужниот дел на Идлиб, западниот дел на Алепо и во северна Хама.
Припадниците на опозицијата, во согласност со Договорот, го повлекоа тешкото вооружување од одредени подрачја.
В сабота ќе биде одржан самит за Сирија на кој ќе присуствуваат официјални претставници на Германија, Франција и Русија, а домаќин е Истанбул.