свет

Коалиција Флотила на слободата: Дрон нападна брод со хуманитарна помош за Газа во меѓународни води близу Малта

„Во 00:23 часот по малтешко време брод на Флотилата на слободата беше цел на напад со дрон. Предниот дел на бродот беше гаѓан двапати, поради што се предизвикани пожар и пробивање на трупот“

Ikrame Imane Kouachi  | 02.05.2025 - Обновена : 04.05.2025
Коалиција Флотила на слободата: Дрон нападна брод со хуманитарна помош за Газа во меѓународни води близу Малта

АНКАРА (АА) - Цивилен брод што носел хуманитарна помош за Газа бил цел на напад со дрон рано утрово додека пловел во меѓународни води во близина на островот Малта, соопшти Коалицијата на Флотилата на слободата, пренесува Анадолу.

„Во 00:23 часот по малтешко време брод на Флотилата на слободата беше цел на напад со дрон. Предниот дел на бродот беше гаѓан двапати, поради што се предизвикани пожар и пробивање на трупот“, соопшти коалицијата.

Се додава дека „бродот моментно се наоѓа во меѓународни води во близина на Малта“ и дека пратил СОС-сигнал за помош.

Коалицијата истакна дека „малтешката Влада сè уште не одговорила на СОС-сигналот на овој цивилен хуманитарен брод“.

Коалицијата ја повика Малта да ја исполни својата „обврска за дејствување и да ја осигури безбедноста на цивилен брод во неволја во нејзина близина“, како што бара меѓународното поморско право.

Флотилата наводно била на пат кон Газа носејќи хуманитарна помош во обид да ја предизвика израелската блокада. Изворот на нападот со беспилотно летало не е потврден.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.