свет

Кина повика на дијалог во врска со спорот меѓу Азербејџан и Ерменија

„Се надеваме дека релевантните земји ќе преземат мерки за да избегнат понатамошна ескалација и да ги решат споровите и разликите преку политички дијалог“

Riyaz Khaliq  | 28.09.2020 - Обновена : 28.09.2020
Кина повика на дијалог во врска со спорот меѓу Азербејџан и Ерменија

АНКАРА (АА) - Кина денес ги повика Азербејџан и Ерменија да одржат политички дијалог за решавање на нивните спорови, јавува Агенција Анадолија (АА).

Обраќајќи се на прес-конференцијата во Пекинг, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Ванг Венбин, изјави: „Кина ги повикува сите страни да останат смирени и да се воздржат од конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан.“

„Одржувањето на мирот и стабилноста во регионот служи за интересите на сите страни, вклучително и Ерменија и Азербејџан“, изјавил Ванг, според кинескиот весник „Глобал тајмс“.

„Се надеваме дека релевантните земји ќе преземат мерки за да избегнат понатамошна ескалација и да ги решат споровите и разликите преку политички дијалог“, додаде портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Односите меѓу двете поранешни советски нации се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.

Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.

Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.

Пограничните судири избија вчера откако ерменските сили извршија напади врз азербејџанските цивилни населби и воените позиции во регионот, познат како Нагорно Карабах.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.