Cüneyt Karadağ
28 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел го посетила рускиот опозициски лидер Алексеј Навални додека се лекуваше во германската болница, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што пишува германскиот весник „Дер Шпигел“, Меркел тајно го посетила Навални, кој минатата недела беше отпуштен од болницата „Шарите“.
Се наведува дека тајната посета покажува колку Меркел ѝ придава важност на оваа тема и дека Владата на Берлин нема да се откаже додека не се расветли овој случај.
На Навални, најгласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, му се слоши на летот од сибирскиот град Томск кон Москва, на 20 август. Авионот итно слета во Омск, а Навални итно беше пренесен во болница, каде што помина два дена пред да биде префрлен на лекување во Берлин.
Првично од канцеларијата на Навални беше изнесено тврдење дека е можно тој да е отруен со чај на аеродромот, а портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт на 2 септември соопшти дека во организмот на Навални се пронајдени траги од отровот „новичок“. Ова дополнително го потврдија и лабораториите во Шведска и Франција.
Навални од берлинската болница беше отпуштен на 23 септември.