Mehmet Nuri Uçar
28 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Демонстрациите што започнаа на 20 септември како резултат на апелот на египетскиот дисидент Мухамед Али од Шпанија, каде што живее во прогон, за одржување антирежимски протести, продолжија и во синоќешните часови во египетските градови Гиза и Кена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на социјалните мрежи и на медиумите на антирежимската опозиција во Египет, вчеравечер демонстрантите во градовите Гиза и Кена одржале протести против администрацијата на египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси.
Прорежимските медиуми објавуваат дека во земјата преовладува спокојство и дека луѓето не се заинтересирани за апелот на Мухамед Али, и тврдат дека снимките објавени на социјалните мрежи се стари, но привлекува внимание тоа што на снимките снимени од страна на некои демонстранти е покажан датумот на демонстрациите.
На вестите и видеоснимките објавени од страна на телевизиските канали на различни опозициски групи надвор од Египет, како „Мукемилин“ и „Шарк“, се вели дека се случуваат судири меѓу демонстрантите и полицијата, и дека полицијата користи солзавец.
Египетскиот дисидент Мухамед Али и во септември минатата година упати апел до народот за одржување протести против администрацијата на Сиси.