Ali Cura
28 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Бројот на случаи на новиот тип коронавирус, Ковид-19, во Русија е зголемен на 1.159.573, а починаа 20.385 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за превенција и контрола на Ковид-19 во Русија соопшти дека во последните 24 часа вирусот е потврден кај уште 8.135 лица, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 1.159.573.
Станува збор за најголемо зголемување на бројот од заразени на дневно ниво од 12 јули.
Во последните 24 часа потврден е 61 смртен случај, вкупно 20.385, а бројот на оздравени е поголем за 2.702 и изнесува 945.920.
Трендот на пораст на дневниот број на заразени и понатаму е 0,7 отсто, а кај 27 отсто од новозаразените не се забележани симптоми на болеста.
Во Москва во последните 24 часа се потврдени 2.217 нови случаи на заразување, односно вкупно 287.993. Забележани се и 16 нови смртни случаи, вкупно 5.180.
Заводот за заштита на потрошувачките права и човековото здравје во Русија соопшти дека до денес се спроведени 45,4 милиони тестирања за присуството на заразата со Ковид-19.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека првиот смртен случај е потврден на 19 март.
Со намалувањето на бројот на новозаразени, во земјата се постепено укинувани мерките воведени за спречувањето на ширењето на вирусот. Сепак, донесена е одлука за задолжително носење маски и ракавици во затворени простори, како и во просторите каде што престојуваат голем број луѓе.
Во земјата на 1 септември започна новата учебна година, а во училиштата е потребно да се носат маски и да се почитува социјалната дистанца.