Ayşe Hümeyra Atılgan
14 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Непознат вооружен напаѓач го киднапираше синоќа поранешниот премиер на Либија, Али Зејдан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми јавуваат дека киднапирањето се случило доцна синоќа во хотелот Триполи во главниот либиски град, и дека Зејдан е однесен во непознат правец.
Досега никој не презеде одговорност за киднапирањето.
На Зејдан ова не му е првпат да биде жртва на киднапирање. Него, 2013 година, како актуелен премиер на Либија го киднапираа припадниците на Револуционерната комора на Либија. Ослободен беше по неколку часа.
Либија и понатаму е средиште на длабока политичка и безбедносна криза во која дејствуваат голем број на милитантни групи и три паралелни влади, една во Тобрук, друга во Триполи и третата меѓународно призната Влада на национално единство.