Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Muhammed Semiz
04 Април 2023•Ажурирај: 07 Април 2023
КУДС (АА) - Извршен е кибернапад врз интернет-страниците на повеќе универзитети во Израел, пренесува Анадолу.
Според веста на весникот „Ерусалим пост“, интернет-страниците на големите универзитети во Израел биле изложени на кибернапад од хакерска група наречена „Анонимус Судан“.
Како резултат на нападот, не може да се воспостави пристап до интернет-страниците на Универзитетот во Тел Авив, Еврејскиот универзитет во Кудс, Универзитетот „Негев Бен-Гурион“, Универзитетoт „Хајфа“, Научниот институт „Вајцман“, Отворениот универзитет на Израел и Универзитетот Рајхман.
Групата „Анонимус Судан“ објави соопштение преку Телеграм во кое нагласи дека ја презема одговорноста за кибернападот врз интернет-страниците на овие универзитети во Израел.
„Инфраструктури и универзитети... Образовниот сектор во Израел е уништен поради она што го прави во Палестина“, се нагласува во соопштението.
Израелските власти сè уште не излегоа со изјава во врска со овој случај.