Ekipa
17 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
ЕРБИЛ (АА) - Терористичката организација ПКК обезбедувала премин на оружје, воени материјали и експлозиви, како и на терористите преку тунелот што го ископале меѓу областа Синџар во ирачкиот град Мосул и покраината Хасека во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Халеф Халил, еден од водачите на Демократската партија на Курдистан (КДП) во Синџар, и Хајдар Шешо, генерален секретар на Демократската партија на Језидите во Ирак, за Агенција Анадолија (АА) зборуваше за тунелите на ПКК во регионот, поврзаноста со ПКК со милициската група Хашди Шаби која е една од безбедносните единици на земјата, поврзани со Владата на Ирак.
Официјалниот претставник на КДП, Халил, истакна: „ПКК ископа тунел долг 12 километри помеѓу долината на планинскиот регион Баре во Синџар, близу кампот „Ханесор“ и регионот Хол во сириската провинција Хасека.“
Наведувајќи дека припадниците на ПКК можат многу лесно да патуваат низ овој тунел, Халил посочи дека организацијата обезбедува и премин на оружје, воени материјали и експлозив меѓу Синчар и Хол преку овој тунел.
- „ПКК се организира во Синџар и се подготвува голем број борци да испрати во Сирија“ -
Халил нагласи дека тунелот е отворен пред неколку години и дека оттука можат слободно да се движат транспортни возила, и додаде дека при ископувањето на тунелот биле искористени 300.000 бетонски блокови.
„ПКК се организира во Синџар и се подготвува да испрати голем број борци во Сирија. Хашди Шаби ги следи сите активности на ПКК во регионот и е свесен за сѐ што прават, но воопшто не се меша“, нагласи Халил, официјалниот претставник на Демократската партија на Курдистан (КДП).
- „Конфликтите меѓу Хашди Шаби и ПКК се сценарио“ -
Халил, наведувајќи дека претходните конфликти меѓу Хашди Шаби и ПКК се сценарио, рече:
„ПКК, заедно со Хашди Шаби, се бори против интересите на Регионалната курдска управа на северот на Ирак (IKBY) во Синџар. Двете организации се обидуваат да спречат да се имплементира договорот меѓу Ербил и Багдад [за Синџар]. ПКК месечната плата и сите други воени и прехранбени потреби во Синџар ги добива од Хашди Шаби.“
ПКК во последните неколку години киднапира стотици млади луѓе од Регионалната курдска управа на северот на Ирак (IKBY). Семејствата немаат никакви информации за своите млади. Млади луѓе кои ги исполнуваат барањата на ПКК, принудени се да се борат, а оние кои се противат се егзекутирани.
- „Сметаме дека ПКК ископа тунели од 300 до 400 метри во планинските региони на Синџар“ -
Хајдар Шешо, генерален секретар на Демократската партија на Језидите, истакна дека ПКК не може да ги користи граничните премини Пешхабур и Рабиа, затоа за преминување користи други места.
Наведувајќи дека ПКК не може да патува во регионот без дозвола на Хашди Шаби, Шешо додаде:
„ПКК, во сојуз со Хашди Шаби, ги користи патиштата од Синџар до Сирија. Лесно може да ја користи 150-километарската граница меѓу Рабиа, Ум ел Зибан и Хол и тука не наидува на никакви пречки. Овие граници се целосно отворени за ПКК. Сите тунели што ПКК ги ископа, се со знаење и одобрение на Хашди Шаби. Сметаме дека ПКК ископа тунели од 300 до 400 метри во планинските региони на Синџар.“