Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
ИДЛИБ
- Бурак КАРАЏАОГЛУ / Ешреф МУСА
Жителите на кампот „Сарут“, што се наоѓа под вода и кал поради обилните врнежи од дожд во Идлиб, чекаат кампот да биде расчистен и да им бидат исполнети основните животни потреби.
Ебу Џасим, директорот на кампот „Сарут“, што се наоѓа во областа Сармада, во изјавата за дописникот на АА нагласи: „Ова беше најдоброто место што можевме да го најдеме. Но, со пристигањето на зимата обилните врнежи од дожд ги поплавија сите кампови.“

„На кампот му требаат ситни камчиња (чакал), но цената ќе биде многу висока“, рече Џасим, додавајќи дека бегалците што избегале од бомбардирањето не можеле да земат никакви предмети со себе и тешко е да се најде работа за нив.
Џасим, исто така, нагласи:
„Сите мислат дека сме тука за да добиеме храна, материјална и морална помош. Останавме тука затоа што засолнувањето беше полесно. Но, за тие што ќе бидат раселени од Џебел Завије, Серакиб и други региони поради неодамнешните напади, ќе нема ниту низина ниту пак планинско место каде би можеле да бидат поставени шатори.“
Директорот на кампот, Џасим, додаде: „Веќе еден месец сме на дожд и кал. Не сакаме храна. Сакаме водата од овде што е можно поскоро да се исчисти.“

- „Избегавме само со облеката која беше врз нас“
Субхије Биро, една од цивилите што живеат во кампот, рече: „Не знаевме од каде доаѓаше бомбардирањето. Се бомбардираа сите места. Избегавме само со облеката која беше врз нас. Тука имаме потреба од сѐ. Тоа го бараме од Господ. Печки, нафта, облека, храна и вода. Имаме потреба од сѐ.“
Биро, наведувајќи дека воените авиони го бомбардирале главниот пат кој излегува во Маратунуман, рече: „Имам две деца. Во текот на ноќта е студено. Ми требаат печки и нафта.“
Во камповите во областа Сармада во Идлиб, кој се наоѓа во близина на границата со Турција, сместени се 130 семејства, односно околу 600 цивили.

- АА направи снимки
Камерите на Агенција Анадолија (АА) вчера од воздух го снимија кампот, кој се наоѓа под вода и кал.
И денес, слични слики се рефлектираа во камерите на АА. Привлече внимание очајот на децата што се наоѓаат во калта.

- Последна ситуација во деескалационата зона во Идлиб
Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, Идлиб и околината ги прогласија за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.300 цивили.
Бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција и во областите ослободени во
операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“ за една година надмина 1 милион.