Barış Seçkin
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 570 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица се искачи на 18.849 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита Анџело Борели на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 98.273 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 147.577 лица.
Тој нагласи дека се излекувани нови 1.985 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 30.455 лица.
Борели информира дека во последните 24 часа починаа уште 570 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 18.849 лица.
Според него, денес се откриени 1.396 нови случаи со Ковид-19.
Во Италија досега се извршени 906.864 тестирања за Ковид-19.
Според локалните медиуми, како последица на оваа пандемија починаа 109 лекари.