Bahattin Gönültaş
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
БЕРЛИН (AA) - Др. Ерик Швицер, претседател на Здружението на германските индустриски и тровски комори (DIHK) повика на одредување на заедничка мапа на патот за да економските активности во Германија постепено се враќаат во нормала, јавува Агенција Анадолија (АА).
Швицер во соопштението го оцени постепеното отстранување на мерките преземени во таа земја пред околу три седмици поради епидемијата на коронавирусот (Ковид-19).
„По првите знаци за почеток на постепента нормализација, се е поважно да се почне со планирање поради опстанок на компаниите", додаде Швицер, напоменувајќи дека DIHK на претставниците на политичкиот и деловниот свет им предложил заеднички план за нормализација на економските активности.
„Еконоските ефекти на кризата предизвикани од коронавирусот навистина се огромни, но опсегот на тие ефекти уште не може прецизно да се предвидат. Едно е сигурно, а тоа е дека многумина компании се обидуваат да преживеат", предупреди Швицер.
Нагласи дека првите знаци на враќање во животот во нормала се секако важни, посебно за компаниите кои се тешко погодени од пандемијата.
„Таквите знаци се исклучително важни и за корпоративните финансии и ликвидност. Поради тоа што компаниите треба да имаат можност на инвеститорите да им понудат некоја перспектива", рече Швицер.
На крајот истакна дека во Германија од ден во ден се зголемува бројот на компаниите погодени со пандемијата на коронавирусот.
„Деловниот свет и политичарите би требало да разговараат за т оа како со најдобри здравствени мерки да се помогне стабилизацијата на економијата во целата земја", рече Швицер.