Sümeyye Dilara Dinçer
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
АНКАРА
Четиринаесет проценти од коралниот гребен во светот исчезна за помалку од 10 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „The Week“, Глобалната мрежа за следење на коралните гребени (GCRMN) објавила студија во која се испитува светскиот корален гребен.
Триста научници од 73 земји собраа податоци во студијата, за која се вели дека е најголемата студија за анализа на состојбата на коралниот гребен.
Во студијата е откриено дека 14 проценти од коралите исчезнале поради климатските промени во 2018-2019 година.
Научниците наведоа дека главниот фактор за оштетување на коралите е зголемувањето на температурата на површината на морето поради глобалното затоплување. Исто така, фактори за изумирање на коралите се и прекумерниот риболов и зголемените активности на бреговите.
Пол Хардисти, извршен директор на Австралискиот институт за морски науки, рече дека студијата дава „јасна“ порака дека климатските промени се најголемата закана за гребените низ светот.
„Мораме итно да ги спречиме глобалните емисии на стакленички гасови и сите мора да го дадеме својот удел“, рече Хардисти.
- Судбината на Големиот корален гребен
Научниците го привлекоа вниманието на штетата врз коралните гребени од ефектите на глобалните климатски промени во последните години.
Во Големиот корален гребен, кој е долг 2.300 километри од брегот на Австралија, имаше многу уништувања наречени „белење“ или добивање варовничка кора во последните 20 години поради зголемените температури на океанот. Со тоа гребените ја загубија својата способност да бидат домаќини за животинскиот свет. Морските топлотни бранови во 2016 и 2017 година усмртија половина од коралите во Големиот корален гребен.
Коралните гребени се живеалиште на риби и други морски животни, кои се главен извор на егзистенција за милиони луѓе. Исто така помагаат да се заштитат бреговите од големите бранови, бури и поплави.
Познат како единственото живо суштество што може да се види од вселената, Големиот корален гребен е домаќин на околу 2.000 ендемични видови риби и обезбедува вработување за 70.000 луѓе.