Adham Kako,Levent Tok
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Според првичните сознанија, 13 цивили го загубија својот живот во интензивните напади на режимот на Башар ал Асад во областа Источна Гута која е под блокада и се наоѓа во сирискиот главен Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Населени места со цивили во подрачјата Харест, Мисраб, Мерџ, Џисрин, Медјере, Арбин и Хамурија во Источна Гута која се наоѓа во зоната на деескалација во Дамаск, се изложени на интензивни воздушни и копнени напади извршени од страна на режимот на Асад.
Според изворите на Цивилната заштита, вкупно 13 лица загинаа во воздушните напади на силите на режимот, од кои осум лица загинаа во Хамурије, 2 лица во Медјере, и лица загинаа 3 во Арбин.
Тимовите на Цивилната заштита процолжуваат со спасувачките операции, додека голем број повредени за време на нападите се пренесени во околните болници.
Постои загирженост од зголемување на бројот на жртвите поради последователните воздушни напади.
Во Источна Гута која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400 илјади цивили од кои половина деца.