Mohamad Misto
05 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА (АА) - Во воздушни напади на припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, загинаа 30 цивили, а 170 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападите на подрачјето на Бејт Сава, загинаа десет цивили, Хаза шест, четири во Земалка и еден цивил во Хамурие.
Цел на нападите беше пазарот во Ирбин, каде што загинаа девет цивили.
Во Источна Гутa живеат околу 400 000 цивили, а половина од нив се деца. Тоа подрачје, на состанокот во Астана, беше прогласено за зона без судири, но и покрај тоа, режимот, чија земја-гарант е Русија, во април минатата година почна со интензивирана опсада.
Населението во Источна Гута секојдневно се соочува со длабока хуманитарна криза, а илјадници болни чекаат евакуација. За над 600 од нив евакуацијата е неопходна во најкус можен рок. Меѓу нив има и деца заболени од карцином, чија болест е во поодмината фаза.