Mesut Zeyrek
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
КEЛН (AA) - Приврзаниците на терористичката организација ПЈД/ПКК извршија нов напад врз џамија во Германија, а целта на овој напад утрово беше џамијата во Хановер, јавува Anadolu Agency (AA).
Рано изутрина приврзаниците на ПЈД/ПКК на ѕидовите од џамијата „Хале Саале“ напишаа навредливи, ксенофобичнии антиисламски пораки.
Џамијата функционира под покровителство на турскиот Дијанет, а вчера сличен напад беше извршен и на семејната куќа на Али Тетик, челникот на здружението кое се грижи за џамијата во Хановер.
Меѓу псовките и навредливата содржина, беа испишани и политички пароли за ПКК и Африн.
Тетик рече дека за случајот била известена германската полиција и изразил надеж дека напаѓачите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Во изминатите неколку дена, најмалку 11 џамии во Германија беа цел на слични напади.