Şahin Demir,Murat Karadağ
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 90 студенти бea приведени за време на протестите кои од крајот на декември минатата година се одржаa ширум Иран, потврди членот на комисијата за образование и истражување во оваа земја Махмут Садики, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој се повика на податоците на иранската работничка новинска агенција (ILNA), велејќи дека не се знае состојбата на десет од 90 уапсени студенти.
Садики истакна дека е започната истрага за десет ученици за кои не се знае кој ги привел. Тој нагласи дека повеќето приведени студенти немаат никаква врска со протестите одржани во таа земја. Како што рече Садики, тие беа приведени во куќи или на локации кои не се близу на местата на одржување на протестот.
Според него, ваквите мерки на безбедност може да бидат само причина за поголеми тензии во земјата.
Садики појасни дека 58 притвореници студираат на различни универзитети во Техеран.
Илјадници луѓе на 28 декември излегоа на улиците во иранските североисточни градови Машхад и Kaшмар во знак на протест како што велат, против зголемувањето на инфлацијата, невработеноста и слабите резултати на владата.
Сепак, во наредните денови протестите се претворија во антивладини собири, проширувајќи се во областите на Техеран, Керманшах, Санандај, Занјан, Aхваз и Aрак.
Во немирите загинаа најмалку 20 лица, меѓу кои се наоѓа и еден полицаец, додека повеќе од илјада беа уапсени.