Ramazan Turgut
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
РИЈАД (АА) - Се тврди дека се приведени се 11 принцови кои одржале протест во Кралската палата која се наоѓа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската интернет страница на Саудиска Арабија, „Sabq", 11 принцови одржале протест пред Кралската палата во Ријад за повлекување на кралскиот декрет со што се откажува плаќањето на сметките на Емирите за електрична енегија и водовод од страна на државата, како и за помилување на еден од нивните роднини од смртната казна.
Се истакнува дека принцовите биле повикани да ги напуштат местото.
Откако тие не го почитувале ова предупредување, според кралската одлука 11 принцови биле приведени од страна на кралската гарда, и биле пренесени во притворот Хаир.