Gamze Türkoğlu Oğuz
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - После година дена, повторно ќе започне потрагата на исчезнатиот авион на авиокомпанијата „Malaysia Airlines" (Малезија ерлајнс), јавува Anadolu Agency (AA).
Малезиската влада ја одобри иницијативата за повторно покренување на потрагата по авионот кој исчезна во 2014 година преку Индискиот Океан.
Малезискиот министерот за транспорт Лиов Тионг Лаи потврди дека е одобрен предлогот во јужните делови на океанот повторно да започне потрагата по авионот кој исчезна пред 3,5 години.
Авионот MH370 исчезна на 8 март 2014 година на летот од Куала Лумпур кон Пекинг со 239 патници. По еден час, тој престана да испраќа сигнали за контрола на летот и исчезна од радарот.
Неколку дена по мистериозното исчезнување, малезиската влада, соопшти дека авионот го нема, но и дека сите патници и членови на екипажот се мртви. Досега најскапата потрага во историјата на цивилното воздухопловство започна на 18 март 2014 година на површина од над 4,5 милиони квадратни километри.
По пребарувањето од авионите и бродовите, предноста беше дадена на подморските истражувања, кои исто така не дадоа резултат. Пребарувањето беше прекинато по 1.046 дена, поточно во јануари минатата година.