Hacer Başer
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
ГАЗА (AA) - Најмалку пет лица се повредени поради студеното време кое ја зафати Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Цивилната заштита наведуваат дека неповолните услови довеле и до пожар. Ветерот ги соборил и стеблата и сообраќајните знаци на патот.
Во Газа се повредени пет лица. Поплавени се и некои куќи. Екипите се на терен. Околу два милиони луѓе во Газа живеат во лоши услови. Во текот на зимските студенти денови ситуацијата се влошува поради лошата инфраструктура, дотраеноста на кужите во кои живеат, како и престојувањето во шаторите.
Некои палестински семејства живеат во куќи без прозорци и врати. Горењето оган во различни места во куќите доведува до пожар.