Hakan Çopur
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Полицијата во Соединетите Американски Држави минатата година уби 987 лица, објави „Вашингтон Пост" повикувајќи се на локалните официјални извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие наведуваат дека во периодот 2015 до 2017 година американската полиција убила околу 3.000 луѓе. Статистичките податоци покажуваат дека во 2015 година се убиени 995, 2016 година 963 а минатата година, 987 лица.
Според објавените податоци, во 2015 година полицијата на САД уби 36 Афроамериканци. Во 2016 година, беа убиени 17 невооружени Афроамериканци, а минатата година 19 лица.
По смртта на 18-годишниот Афроамериканец, Мајкл Браун, во август 2014 година, во САД почна да се обрнува внимание на статистичките податоци за полициското насилство низ целата земја.
Тие појаснија дека полицијата не ја покажа потребната грижа и внимание, особено кога станува збор за невооружени цивили.