Handan Kazancı,Zeynep Özyol
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Крис Хуби, Хандан Казанџи, Зејнеп Озјол -
Малите чадори поставени покрај тротоарите се единствен покрив над глава за стотици бегалци во студеното време во Париз.
Снимките на Anadolu Agency (AA) покажуваат дека дува силен ветер, а лицата кои избегале од војна, глад и немири се обидуваат да се стоплат покрај огнот кој едвај успееле да го запалат.
Новата година не започна добро за нив. Немаат место каде да останат, немаат пари и храна за јадење. Листата на нештата што ги немаат е долга. Од раните утрински часови чекаат во редици за да земат појадок кои им го даваат хуманитарните организации. Денот започнува со малку кафе и леб. Поминаа 7 месеци од доаѓањето на Захир од Авганистан во Париз.
„Веќе 7 месеци сум во Франција, овие 7 месеци спиев надвор, сите овие што се тука се мигранти и сите живеат надвор. Велеа дека во Европа постои човештво. Многу слушав дека во земјите како Франција и Германија постои човештво и љубов кон човекот. Но, јас лично видов дека тука нема човештво и љубов кон човекот, тоа е многу лошо, тука многу лошо се однесуваат со мигрантите. Изложени сме на вербална злоупотреба, никој не го интересира за никого...", раскажува тој.
Она што го раскажа и Абад кој доаѓа од Пакистан, соседна држава на државата од која доаѓа Захир, не е различно од тоа што е кажано. „Понижувањето што го видовме во Париз, не го видовме во ниту едно место во Европа“, истакнува Абад.
Лицата кои живеат на улиците на Париз се дојдени од Авганистан, Пакистан и од земјите на Блискиот Исток и Африка. Тие ги поставуваат нивните шатори покрај каналот Сент Мартин и подрачјето Порте де лла Шапел кои се наоѓаат во ова близина, бидејќи овие места се многу блиски до центрите за азил. Повеќето чекаат со месеци за да добијат термин за аплицирање за азил.
До тој ден ќе бидат на улици, а нема ниту гаранција дали по аплицирање ќе бидат сместени во некое место. Шахир од Тунис истакна дека има починати од студот.
„Петмина починаа од студот. Да! Луѓето починаа од студот. Нешто вообичаено, никој ништо не прашува за нив...“, вели тој.
- Недостаток на доволно кампови за бегалци, причина за нивните потешкотии
Основната причина за зголемениот проблем на улиците на Франција е тоа што нема доволни кампови за бегалците во земјата. Бројот на тие кои живеат на улици се зголеми повеќе со уривање на кампот Кале кој во 2016 година беше често актуелен со прекршување на човековите права. Според официјалните податоци, во кампот Кале живееле 5596, а според претпоставувањата живееле 7 илјади лица.
Премиерот Едуард Филипе во летните месеци соопшти дека 40 отсто од тие кои се засолниле во Франција немале каде да живеат, и додаде дека во рок од 2 години ќе бидат додадени уште 12.500 на постоечките 80.000 куќи и прибежишта. Но, само бројот на лицата кои пребегаа во Франција во 2016 година е 85.000.
Приоритет за сместувањата се децата, жените и семејствата. На мажите кои не се во брак дозволено им е да престојуваат во прифатните центри за бегалци само 10 дена.
Францускиот претседател Емануел Макрон, во првите денови кога дојде на оваа функција рече: „Треба да ги прегрниме мигрантите. Тоа е наша обврска, и треба да бидеме чесни за тоа.“
Но, она што го раскажуваат мигрантите, се далеку од она што го кажа францускиот лидер. Мухаммед од Либија избегал од криумчарите со луѓе, од драмата на децата кои останале сираци, од војната кој не завршува, како и од смртта во неговата земја.
Тој истакна дека бил киднапиран од страна на трговците со луѓе, но не даде повеќе детали.
„Луѓето треба да ги знаат условите во кои се наоѓаме ние. Немаме тоалети. Имам средба, како ќе одам? Нема кој да ти помогне“, раскажувај тој.
Лицата кои живеат на улица се постојано вознемирени, полицијата може во секоевреме да дојде и да ги уништи шаторите како што го прави во последните седум години.
„Во Париз е многу ладно и јас немам куќа. Секогаш кога доаѓа полиција ни вели оди на друго место. Одам на друго место пак доаѓа полиција и ми вели оди таму, ваму, постојано менуваме положба...“ , изјавува 19-годишниот Ѓул кој избегал од Авганистан.
Поради студот во вечерните часови не може да стои стабилно. Во Париз е повеќе од една година. Го загубил својот татко и мајка. Му останал само еден брат.
Со него не можел да зборува веќе една година. Тој истакна дека во овој шатор кој го покажува на камерата, го користат пет лица.
Акбал е исто така од Авганистан како и Ѓул, но тој не е бегалец. Тој се наоѓа таму за да помогне, не може да доаѓа секој ден, но се обидува да донесе храна колку што може.
„Овие лица немаат ништо“, вели Акбал, и потсетува: „Бегаат од војна, бегаат од мизерија. Ако не ќе беа тие ситуации, кој ќе доаѓаше тука?“, прашува Акбал.