Yeşim Sert Karaaslan
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара изјави дека „никому начинот на живот не му е под систематска закана во Турција“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Најлошо е тоа што се злоупотребуваат жртвите по нападот во Ортакој. Уште еднаш велам, во Турција не е загрозен ничиј начин на живот. Тоа никогаш нема да го дозволиме, тоа не е дозволено во последните 14 години на оваа влада. Доколку некој го тврди спротивното, тогаш мора да дојде со конкретни примери“, рече Ердоган.