Fatma Bülbül
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Телото на полицаецот Мевлут Мерт Алтинташ, кој во декември го уби рускиот амбасадор Андреј Карлов во Турција, ќе биде погребано на општинските гробишта откако неговото семејство одби да го преземе телото, пренесува Anadolu Agency (AA).
Алтинташ на 19 декември минатата година пукаше во Карлов, на отворањето на изложба во Анкара, а подоцна и тој беше убиен во размена на оган со безбедносниот персонал.
Судски извори денес потврдија дека Институтот за форензика во Анкара ја извршил аутопсијата на Алтинташ на 21 декември, по што никој од членовите на семејството не сакал да го преземе неговото тело.
Според соопштението на Институтот, телото на напаѓачот требало да се преземе во рок од 15 дена.
Полицијата откри дека Алтинташ е поврзан со терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за државен удар во Турција, на 15 јули.