Ekip
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара изјави: „Ничиј начин на животот не е под систематска закана во Турција“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган истакна дека Турција е во борба за независност и дека доколку ја добие битката, ќе ги оствари целите за 2023 година, а визиите за 2053 година и 2071 година ќе добијат облик.
Претседателот на Турција Ердоган нагласи дека борбата против терористичката организација ДЕАШ е во тек.
„Оној што борбата за сопствената безбедност којашто ја води Турција во регионот ја гледа како 'мешање во внатрешните работи на другите земји’, значи не разбира ништо од она што се случува“, нагласи Ердоган.
Ердоган изјави дека се направени нови чекори во насока на колку штое можно поскоро завршување на операцијата против терористичката организација ДЕАШ во сирискиот град Ал Баб.
„Ако даде Господ, тоа наскоро ќе биде решено. Потоа сме одлучни да го исчистиме Мунбич и другите подрачја во кои се вгнездија терористичките организации“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека ќе биде постапувано на ист начин кон сите што им даваат поддршка на терористичките организации, вклучувајќи ја и сепаратистичката организација ПКК, ДЕАШ, ФЕТО и други.
Ердоган говореше и за терористичкиот напад во Истанбул изведен во новогодишната ноќ.
„Најлошо е тоа што се злоупотребуваат жртвите по нападот во Ортаќој. Уште еднаш велам, во Турција не е загрозен ничиј начин на живот. Тоа никогаш нема да го дозволиме, тоа не е дозволено во последните 14 години на оваа влада. Доколку некој го тврди спротивното, тогаш мора да дојде со конкретни примери“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека никој во Турција, а ни во светот не е принуден да води ист начин на живот.
Освен тоа, Ердоган рече дека една од најголемите желби на Турција е да запрат неволјите што се случуваат во Сирија.