Ömer Yetkin Acar
06 Јануари 2018•Ажурирај: 07 Јануари 2018
САО ПАОЛО (АА) - Гувернерот на бразилскиот град Рио Гранде до Нортеа, Робинсон Фариа, поради штрајкот на полицијата и насилството прогласи вонредна состојба во овој дел од земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека Фариа потврди дека е прогласена вонредна состојба во траење од 180 дена. Според него, насилство е во пораст поради суспензија на полициските активности.
Според објавената одлука за вонредни случаи, се додека трае оваа ситуација во овој дел од Бразил, сите директни или индиректни јавни служби како и вработените во јавната администрација ќе бидат на располагање да ја обезбедат потребната услуга на системот за јавна безбедност.
Откако започна штрајкот на полицијата и пожарникарите на 19 декември минатата година во оваа област беше забележано сериозно зголемување на криминалните дела.
Федералната влада со цел да се воспостави безбедност во оваа област испрати, 2.800 војници.