свет

Ирачките Народни мобилизациски сили соопштија дека во американски напад загинале 15 борци, вклучувајќи го и командантот

Народните мобилизациски сили беа интегрирани во Вооружените сили со владина одлука во 2016 година

Lina Altawell  | 24.03.2026 - Обновена : 24.03.2026
Ирачките Народни мобилизациски сили соопштија дека во американски напад загинале 15 борци, вклучувајќи го и командантот

ИСТАНБУЛ (АА) – Ирачките Народни мобилизациски сили соопштија дека 15 од нивните припадници, вклучително и командантот за операции за регионот Анбар, Саад Дува, се убиени во американски напад врз оперативно место утрово, јавува Анадолу.

„Народните мобилизациски сили тагуваат по групата херојски борци кои беа убиени заедно со командантот на операциите во Анбар од Народните мобилизациски сили, командант д-р Саад Дуваи, во предавнички американски напад врз штабот за операции“, се вели во соопштението објавено на фејсбук-профилот на групата.

Народните мобилизациски сили се дел од официјалниот ирачки безбедносен чадор основан во 2014 година по религиозниот указ од високиот свештеник Али ал-Систани за справување со терористичката организација ДЕАШ, а подоцна беа интегрирани во Вооружените сили со владина одлука во 2016 година.

Последните напади насочени кон групата, кои резултираа со десетици убиени и повредени меѓу нејзините припадници, доаѓаат во време на тековната војна што ја започнаа Израел и САД против Иран од 28 февруари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın