Mohamed Sabry Emam Muhammed
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
НИНЕВА (АА) - Ирачките вооружени сили ослободија уште две села од терористичката организација ДЕАШ во близина на Мосул, потврди ирачко воено официјално лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Ахмед ал-Шемари, командант на Оперативната команда во Нинева, изјави дека ирачките вооружени сили презеле контрола над селата Ал Хокол и Али Раш, северно и источно од Мосул.
Ирачката војска минатата недела, со поддршка на коалицијата под водство на САД, започна голема акција за ослободување на Мосул од ДЕАШ, последото големо упориште на таа терористичка организација во северниот дел на Ирак.
ДЕАШ го зазеде Мосул, вториот по големина град во Ирак, во средината од 2014 година. Додека ирачката војска и нејзините локални сојузници вратија поголем дел од територијата, терористичката група и понатаму го контролира градот Мосул и неколку делови на западната покраина Анбар.