Muhammet Kurşun
24 Септември 2018•Ажурирај: 24 Септември 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за разузнавачки работи на Иран, Махмуд Алеви, соопшти дека се фатени повеќе лица поврзани со оружениот напад во Ахваз, јавува Anadolu Agency (AA).
Алеви пред Владата присуствуваше на закопот на 25 жртви од терористичкиот напад во Ахваз, притоа истакна дека се убиени четворица напаѓачи и дека се фатени многу лица поврзани со нападот.
Тој порача дека ќе бидат откриени сите оние што стојат зад нападот.
Во оружениот напад во саботата, изведен во тек на воената парада во Ахваз, загинаа 25 лица, меѓу кои 17 припадници на безбедносните сили, а 60 беа ранети.