Sena Güler
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Бројката на загинати во свлечиштата предизвикани од тајфунот „Мангхут“ на Филипините се зголеми на 124 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми денес јавија дека бројката на загинати лица во свлечиштата што настанаа минатиот четврток во близина на градот Нага, во покраината Себу, се зголеми на 49.
Акцијата за спасување на исчезнатите 30 лица е сè уште во тек.
Седумдесет и пет други лица загинаа во лизгање на земјиштето во рударскиот град Итогон, во северната покраина Бенгет, на 15 септември.
Спасувачите, исто така, се обидуваат да ги спасат другите 39 лица, што се водат како исчезнати во Итогон.
Само во тајфунот „Мангхут“, што го погоди северниот дел на земјата минатата недела, загинаа најмалку 81 лице.
Тајфунот во првиот ден достигна брзина до 255 километри на час, а потоа ја намали брзината на 100 километри на час. Потоа премина во јужниот дел на Кина и во Хонг Конг.