Hakan Çopur
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Американската администрација го обвини Иран дека врши „провокативни“ активности во регионот, истовремено поддржувајќи го правото на Израел да се брани од Иран и Сирија, пренесува Anadolu Agencu (AA).
Во соопштението на портпаролот на Белата куќа е наведено дека американската администрација му дава поддршка на Израел.
„Израел е верен сојузник на САД, го поддржуваме правото на Израел да се брани од нападите од Сирија и од милицијата во јужниот дел на Сирија, поддржана од Иран и го повикуваме Иран и неговите сојузници да ги прекинат своите провокативни активности и да работат на регионалниот мир“, се наведува во соопштението.
Во изјавата на портпаролката на американскиот Стејт депертмент, Хедер Нојерт, беше истакнато следното: „САД денес се длабоко загрижени поради зголемената напнатост на израелската граница и силно го поддржуваат суверенитетот на Израел и правото да се заштити“.
Израелската армија, пак, соопшти дека беспилотното летало (ИХА) на Иран кое летало од Сирија било срушено поради навлегување во израелскиот воздушен простор, по што извршени се воздушни напади врз „ирански позиции“ во Сирија.
Од друга страна, израелската армија информираше дека нивен авион од типот Ф-16 бил цел на противавионски оган, при што истиот бил срушен додека ги напаѓал „иранските цели“ во Сирија.