Ahmet Dursun
28 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Иран објави дека е откриена шпионска мрежа од пет лица, поврзана со израелската разузнавачка агенција Мосад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранската државна новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на Разузнавачката служба на Управата за безбедност, наведе дека во земјата се уапсени „членови на шпионска мрежа поврзана со Мосад“.
Во соопштението се наведува дека „членовите на мрежата којашто е составена од пет лица, примале финансиска поддршка од Мосад за собирање разузнавачки информации“.
Наведено е дека уапсените лица биле обучени за саботажа во земјата, како и за собирање разузнавачки податоци.
Во акцијата се запленети поголеми количини напредна опрема која им припаѓа на уапсените агенти, како и разни комуникациски алатки.
Иран минатата недела објави дека открил шпионска мрежа поврзана со Мосад која се инфилтрирала во земјата за да изврши терористички и саботажни напади.