Ekipa
28 Јули 2022•Ажурирај: 28 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс објави дека над 20.000 луѓе биле повторно инфицирани со вирусот Ковид-19 откако биле заразени на почетокот на оваа година, соопштија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Здравствените власти во Нов Јужен Велс, австралиската најнаселена сојузна држава - која го вклучува Сиднеј - велат дека тие ги разгледале податоците на 639.430 луѓе инфицирани со Ковид за првпат во јануари кога се појави бранот на Омикрон“, објави „Еј-би-си њуз“ (ABC News).
Анализите покажаа дека во текот на последните пет месеци, 3,2 проценти луѓе биле повторно инфицирани со вирусот.
Австралија се соочува со третиот бран на подваријантата Омикрон.
Според Министерството за здравство на Австралија, 49.556 нови случаи се регистрирани околу земјата во текот на изминатиот ден, со што вкупниот број случаи се искачи на над 9,2 милиони со 11.387 смртни случаи.
Во текот на минатата недела, Австралија регистрира 268.210 нови случаи, со 419 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
- Австралија ги прогласи мајмунските сипаници за инцидент на заразна болест од национално значење -
Австралија исто така ги прогласи мајмунските сипаници за заразна болест од национално значење.
Во соопштението, Пол Кели, главниот медицински службеник на земјата, изјави дека Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална ситуација за вирусот да биде вонредна состојба на јавно здравје од меѓународен интерес.
„Последните податоци од 1 јануари до 28 јули 2022 година, како што е пријавено од Американскиот центар за контрола и превенција од болести (US CDC), иницира дека имало 20.311 случаи во 71 земја (вклучително Австралија,) која не пријавила случаи на мајмунски сипаници“, вели Кели.
Австралија досега пријави 44 случаи на мајмунски сипаници, многу од нив од вратени меѓународни патници.
Кели вели дека мајмунските сипаници се помалку опасни од Ковид-19 и дека нема пријавени смртни случаи за време на сегашната епидемија, надвор од земјите каде што вирусот е ендемичен.