Lina Altawell
24 Март 2026•Ажурирај: 25 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскaта Црвена полумесечина денес соопшти дека 94 амбулантни возила и 17 нејзини центри биле директна цел на американско-израелските воздушни напади од крајот на минатиот месец, пренесува Анадолу.
Пирхосеин Коливанд, претседател на организацијата, изјави дека нападите биле насочени и кон три спасувачки хеликоптери и други спасувачки возила од почетокот на војната на 28 февруари, објави новинската агенција „Тесним“.
САД и Израел започнаа заедничка офанзива во Иран на 28 февруари, во која досега загинаа над 1.340 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.