Aybala Arpacı
09 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ЛУИСВИЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, пристигна во САД, во Луисвил, да присуствува на погребот на легендарниот светски боксер Мухамед Али и да учествува во неколку програми, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција Ердоган со сопругата Емине на аеродромот беа пречекани од амбасадорот на Турција во Вашингтон, Сердар Килич.
Со нив во САД пристигнаа и министерот за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак и министерот за млади и спорт, Акиф Чагатај Килич.
Претседателот на Турција Ердоган ќе присуствува на погребот на легендарниот боксер Мухамед Али, чија церемонија ќе биде изведена во Freedom Hall според муслиманските обичаи.